Откако синоќа изборија пласман во финалето од Лига Европа, денес раководството на Челзи ги израдува фановите со нова убава вест.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, Давид Луиз стави потпис на нов договор и ќе остане на „Стенфорд Бриџ“ најмалку до 2021 година.
„Среќен сум овде и многу ми е мило што ми беше понудена шанса да останам во Челзи. Го сакам овој клуб и имам амбиции како да сум на почетокот на кариерата“, истакна Давид Луиз.
Договорот на 32-годишниот Давид Луиз истекуваше на крајот на сезоната, па „сините“ му ја исполнија желбата и му понудија двегодишен договор.
Бразилецот пристигна на „Стенфорд Бриџ“ во јануари 2011 година, потоа во 2014 година беше продаден во ПСЖ, а две години подоцна повторно се врати во Челзи.
This geezer has signed a new contract! ?
Congratulations, @DavidLuiz_4! ?
— Chelsea FC (@ChelseaFC) May 10, 2019