Дома Фудбал Буфон: Трансферот на Влаховиќ е изненадувачки за мене, тој е во топ три

Буфон: Трансферот на Влаховиќ е изненадувачки за мене, тој е во топ три

Џанлуиџи Буфон денес полни 44 години, а по повод неговиот роденден тој имаше интервју за „Газета дело Спорт“. Буфон зборуваше и за актуелните теми во неговиот Јувентус.

Иако не е во Јувентус, Буфон и понатаму следи што се случува во редовите на „старата дама“, па така сега даде коментар за трансферот нас Влаховиќ.

„Трансферот на Влаховиќ е огромен и изненадувачки за мене. Тој е во топ три најдобри млади играчи заедно со Халанд и Мбапе. Има нешто поинакво во себе, тој ја еволуира позицијата на „9“ и е многу силен и динамилен“.

Даде коментар и за ситуацијата на Дибала.

„Ако бев на местото на Дибала ќе останев во Јувентус и за помалку пари. Тој треба да остане во Јувентус ако се чувстува ценет и почитуван. Тандемот со него и Влаховиќ би бил одличен“, истакна Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бредфорд се потсети на 2013: Со 2-0 до четвртфиналето во Лига купот!

Гилеспи и Филипс го решија Питерборо, а Бредфорд првпат по походот до „Вембли“ во 2013 год…