Дома Фудбал Лига на шампиони Буфон сигурен: Ливерпул има најдобар напад во Европа!

Буфон сигурен: Ливерпул има најдобар напад во Европа!

Легендарниот голман и член на ПСЖ, Џанлуиџи Буфон тврди дека напаѓачкото трио на Ливерпул е најдобро во Европа во овој момент.

Ваквата изјава може да му донесе непријатности на Буфон со своите соиграчи, со оглед на фактот што на „Паркот на принцовите“ игра уште едно ѕвездено трио во нападот, Нејмар, Мбапе, Кавани.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Во целата моја кариера секогаш сум сакал да се тестирам себе си. Во моментов мислам дека во Европа не постои подобро напаѓачко трио од тоа на Ливерпул“, изјави Буфон, а потоа ги посочи фаворитите за ЛШ

„Оваа сезона фаворити за трофејот се Барселона, Јувентус и Манчестер Сити. Ливерпул исто така има големи шанси, а никако не смееме да го заборавиме и Реал Мадрид. Се разбира, јас се уште мечтаам да го освојам тој трофеј и сметам дека имаме тим да стигнеме до финалето“, заклучи Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

На натпреварот помеѓу Интер и Торино во Серија А се испиша историја

На денешниот натпревар помеѓу Интер и Торино кој започна со почеток во 12:30 часот беше ис…