Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон даде револуционерен предлог со цел да се зголеми бројот на голови во фудбалот.
Буфон предлага да се зголеми големината на фудбалскиот гол, кој сега е висок 2,44 метри и широк 7,32 метри.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Можеме да почнеме да размислуваме за тоа. Голманите сега се многу повисоки. Многу е тешко да се постигне гол од далечина на голман од два метри. Пред 30 години имаше по 10 гола на секои 50 удари. Денес, три погодоци од 50 обиди е редок подвиг. Пред некој ден разговарав на оваа тема со моите роднини и мојата сопруга. Кога започнав во 1998 година, бев еден од петте највисоки играчи во Серија А“, предлага Буфон.
„Димензиите на фудбалскиот гол биле одредени уште во 1875 година. Меѓутоа, тогаш голманите биле многу пониски од денешните. Дури и во одбојката се разговара за висината на мрежата – моите сестри играат одбојка, свесен сум за проблемот. Таму сервисот станува речиси исто толку важен како во тенисот“, додаде Италијанецот.