Дома Фудбал Италија Буфон незадоволен – Еве што имаше да каже за ВАР технологијата!

Буфон незадоволен – Еве што имаше да каже за ВАР технологијата!

buffon

После вчерашниот натпревар помеѓу Џенова и Јувентус во кој два пати беше употребена видео технологијата, најдобриот голман во светот опиша во што би можел да се претвори фудбалот во иднина.

До сега две одлуки после користењето на оваа технологија беше донесени на штета на Јувентус, додека една одеше во корист на италијанскиот шампион.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во вчерашниот натпревар судијата Банти досуди пенал против Јувентус, а потоа и за нив кога во еден од дефанзивеците на Џенова играше со рака во шеснаесетникот.

Но, на поголемиот дел од фудбалската јавност не е и јасно како судијата после прегледот на видеото го виде пеналот, а не и офсајдот на домаќините.

„Воопшто не е проблем таа стиуација, во друго е проблемот. Тие од фудбалот ќе направат ватерполо. Не можете да го запирате натпреварот на секои три минути. Најавите беа дека ќе се користи само за некои големи грешки,, сега за секој контакт се консултираат со техонологијата, ова повеќе не е фудбал“.

„Изгледа неверојатно тоа што судијата повеќе не се прашува, ниту пак има некаква одговорност. На погрешен начин се користи технологијата, разбирам да се употреби кога се големи грешки во прашање, но кога се користи за секоја ситуација тоа станува веќе смешно. Второ, не е секој контакт на голманот со играчот пенал. Минатата година беа досудени само три пенали во корист на Јувентус, оваа сезона ќе имаме над 50. Повеќе нема да знаеме ниту кој е добар, а кој лош судијата, човечкиот фактор нема да одлучува ништо. Ние во клубот никогаш не се жалиме на судиските грешки, се случува да згрешат, ја прифаќаме секоја грешка. Ова би требало да биде за доброто на фудбалот, но доколку не се користи правилно може и да го уништи“, изјави Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фарски Острови мака мачат да полетаат за Македонија – може и да не стигнат навреме за натпреварот!

Македонската ракометна репрезентација утре го игра реваншот против Фарски Острови во бараж…