Дома Фудбал Буфон за заминувањето од Париз: Тоа беше голема грешка

Буфон за заминувањето од Париз: Тоа беше голема грешка

Oваа сезона Џанлуиџи Буфон го брани голот на второлигашот Парма, а во последниот разговор со легендарниот Виери, за „Бобо ТВ“ зборуваше за некои моменти од кариерата.

Во гостувањето кај Виери, Буфон откри дека напуштањето на ПСЖ го смета за една од најголемите грешки во кариерата.

„ПСЖ беше одлично икуство во мојата кариера, заминувањето беше голема грешка. Се откажав од 10 милиони евра затоа што клубот избра Ареола да биде прв голман, јас тоа не можев да го прифатам. Децата и денес знаат да ме прашаат зошто заминавме од Париз.

Таму се чувствував како слободен човек, посетував музеи, тетри, зборував француски…Нивото таму го нема никаде на друго место, но и ми недостасуваше карактерот на Јувентус“, раскажа Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…