Џанлуиџи Буфон, легендарниот голман на Јувентус и репрезентацијата Италија, потврди дека ќе се пензионира на крајот од сезоната, освен во еден случај.
Буфон кој има 39 најави дека ќе се пензионира по завршувањето на Светското првенство, секако во случај Италија да се пласира.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што најави Буфон, единствена опција за тој да остане на голот и во наредната сезона е само доколку Јувентус ја освои Лигата на шампионите.
„Ова е моја последна сезона и прилично сум сигурен во изборите кои ги правам. Единствен начин да продолжам да бранам и наредната сезона е само доколку ја освоиме Лигата на шампионите. Во тој случај би останал за да се обидам да го освојам и Светското клупско првенство, можеби со Шчезни би можеле да се менуваме, на еде натпревар“, изјави Буфон.
Иначе, Буфон на гала вечерта во Лондон од ФИФА беше прогласен за најдобар голман за 2017 година.