Дома Фудбал Бускетс: Не знам дали ќе продолжам да играм за Шпанија

Бускетс: Не знам дали ќе продолжам да играм за Шпанија

Шпанија го заврши настапот на Европското првенство со поразот во полуфиналето од Италија после пенали.

„Црвената Фурија“ прикажа одлична игра, меѓутоа мораше да се соочи со елиминација. Кај Шпанците еден од подобрите на теренот беше Серхио Бускетс кој можеби го одигра последниот натпревар во националниот дрес.

„Не знам, не размислкував сега на таа тема. Во овој момент сум горд на тимот. Одигравме повеќе фудбал од Италија, ја имавме топката и бевме доминантни, штета е што изгубивме“, изјави Бускетс.

Вториот патник во финалето ќе го добиеме вечерва од дуелот помеѓу Англија и Данска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ајакс со шест гола го растури Митјиланд, Арокодаре блесна со два погодока и асистенција

Ајакс победи со 6-1 на гостувањето кај Митјиланд во Конференциската лига. По 1-1 на полувр…