Дома Трансфер зона Бускетс доби понуда која не се одбива!

Бускетс доби понуда која не се одбива!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола има силна желба повторно да соработува со Серхио Бускетс, а шпанските медиуми тврдат дека „граѓаните“ во наредните денови ќе испратат официјална понуда на адреса на Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гвардиола одлично ги познава квалитетите на Бускетс бидејќи заедно на „Камп Ноу“ освоија 14 трофеи, па сега повторно го сака во својот тим.

Меѓутоа, тешко дека Барса ќе се откаже од Бускетс, бидејќи тој е еден од клучните фудбалер во каталонскиот тим.

Шпанските медиуми тврдат дека „граѓаните“ доставиле понуда која играчот тешко ќе може да ја одбие, но Каталонците не сакаат да слушнат за негова продажба, особено после заминувањето на Нејмар.

Бускетс има договор со Барселона до 2021 година, а за него интерес покрај Сити во минатото покажуваа уште ПСЖ и Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…