Дома Трансфер зона Бускетс добива понуда со плата од 18 милиони евра по сезона?

Бускетс добива понуда со плата од 18 милиони евра по сезона?

Капитенот на Барселона, Серхио Бускетс и понатаму не донел одлука за продолжувањето на кариерата.

Тој е во последната година од договорот и досега не ја променил одлуката да ја напушти Барселона, но и Европа по крајот на сезоната. Меѓутоа изгледа дека ќе сослуша понуда од каталонскиот гигант.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ал Наср кој го доведе Роналдо покажал сериозен интерес да го види во своите редови и му нудат договор со плата од 18 милиони евра за две години што значи дека до летото 2025 година фудбалерот би добил 36 милиони евра.

Бускетс досега одбиваше преговори со клубот од Саудиска Арабија и наводно чека понуда од Барселоан и отворено да разговара со Чави за плановите за наредната сезона.

Капитенот сака да се посвети на освојувањето на Ла Лига, но и Купот на кралот и Лигата на Европа, меѓутоа во наредните недели сигурно ќе има состанок со стручниот штаб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …