Јувентус во Тоскана ја продолжи победничката низа на гостинските натпревари оваа сезона. Емполи го совлада со 1:2.
Изнанадувачки Емполи во овој натпревар на полувремето имаше предност од 1:0 до која стигна со голот на Капуто.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Токму тоа водство наводно било причина за немир во соблекувалната на италијанскиот шампион на полувремето, пренесува „Газета дело Спорт“. Реномираниот медиум пишува дека Алегри бил исклучително лут поради пристапот на неговите фудбалери.
Покрај тоа се пишува дека во ходникот можел да се слушне и гласот на Леонардо Бонучи. Таквите случувања очигледно вродиле со плод бидејќи Јувентус во продолжение од натпреварот со головите на Роналдо стигна до целосен пресврт и победа од 1:2.
Ќе потсетиме после 10-тото коло во италијанската Серија А „старата дама“ има предност од шест бода во однос на Наполи.