Дома Фудбал Германија Бундес лига: Волфсбург со фантастичен старт, Баер последен на табелата

Бундес лига: Волфсбург со фантастичен старт, Баер последен на табелата

wolfsburg

Интересни натпревари беа одиграни попладнево во Бундес лигата.

За разлика од некои претходни, Волфсбург одлично ја започна оваа сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес овој тим го совлада Баер Леверкузен на гостински терен со резултат 1:3, иако имаа негатива после половина час игра.

Леверкузен во овој момент после новиот пораз е последен на табелата.

Бејли донесе предност за домаќинот од 1:0 во 24 минута, за Озкан со автогол да изедначи на 1:1. Победата на гостите ја обезбедија Вегхост и Штефен во 55 и 60 минута од натпреварот.

Нирмберг и Мајнц одиграа 1:1 на гостински терен, а со истиот резултат се заврши и натпреварот помеѓу Аугусбург и Менхенгладбах.

Тимот на Хофенхајм славеше против Фрајбург со 3:1 и на овој натпревар видовме пресврт бидејќи гостинот прв стигна до предност, додека Ајнтрахт загуби на домашен терен од Вердер со 1:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Алонсо и Леверкузен испишуваат историја – израмнија рекорд стар 60 години!

Баер Леверкузен зад себе има неверојатна сезона во која успеаа да ја прекине 11-годишната …