Дома Фудбал Германија Бундес лига: Баерн со пресврт до победа, Хамбург сега само чудо може да го спаси од испаѓање

Бундес лига: Баерн со пресврт до победа, Хамбург сега само чудо може да го спаси од испаѓање

Ефикасно предпоследно коло во германската Бундес лига.

Баерн Минхен денес после елиминацијата од Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите денес играше против последнопласираниот Келн и славеше после пресврт.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Келн поведе со автоголот на Никлас Зуле, за потоа Родригез, Левандовски и Толисо во второто полувреме да успеат да направат целосен пресврт.

Шалке и дефинитивно си обезбеди пласман во Лигата на шампионите на редната сезона. Екипата од Гелзенкирхен денес славеше со 1:2 на гостински терен.
Борусија Дортмунд е сигурен учесник во Лигата на шампионите и покрај поразот од Мајнц и тоа на свој терен.

Своја шанса во последното коло за настап во Лигата на шампионите ќе бара Лајпциг кој ќе мора да се надева на порази на Хофенхајм и Левркузен во последното коло и своја победа против Херта на гостински терен. Лајпциг денес славеше над Волфсбург кој се бори за опстанок.

Волфсбург е во добра ситуација имајќи го во предвид поразот на Хамбург на гостински терен против Франкфурт кој исто така во последното коло ќе бара шанса за излез во Европа.

Бундес лига резултати:

Келн – Баерн 1:3

Аугусбург – Шалке 1:2

Дортмунд – Мајнц 1:2

Франкфурт – Хамбург 3:0

Хановер – Херта 3:1

Лајпциг – Волфсбург 4:1

Штудгарт – Хофенхајм 2:0

Вердер – Леверкузен 0:0

Минхенглдабах – Фрајбург 3:1

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…