Дома Фудбал Бундеслигата го објави датумот на почетокот на новата сезона

Бундеслигата го објави датумот на почетокот на новата сезона

Фудбалерите на Баерн Минхен одбраната на титулата во Бундеслигата ќе ја започнат со гостување кај Вердер Бремен во Бремен, потврдија денес од раководството на најсилната германска лига.

Со тој натпревар кој е закажан за 18 август ќе започне новата сезона во германскиот шампионат. Пред тоа, Баерн на 12-ти август ќе игра против Лајпциг во германскиот Суперкуп.

Борусија Дортмунд, која минатата сезона ја загуби титулата поради полоша гол разлика во однос на Баерн, новата сезона ќе ја започне на домашен терен со дуелот против Келн.

Првата големо дерби од сезоната помеѓу Баерн и Дортмунд ќе се одигра во Дортмунд на 3, 4 или 5 ноември, додека двата тима ќе се сретнат во Минхен на 30 или 31 март 2024 година.

Следната сезона во Бундеслигата ќе заврши на 18 мај 2024

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чуамени се повреди на тренинг, Франција остана без уште еден репрезентативец

Играчот на Реал Мадрид го напушти францускиот табор поради повреда на мускул. Зидан нема д…