Пеп Гвардиола (53) го предводеше Манчестер Сити до уште една шампионска титула, шеста за клубот во последните седум години и четврта во низа.
Но, набрзо по прославата тој даде изјава со која најави дека е поблиску до заминување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Реалноста е дека поблиску сум до заминување отколку да останам. Зборував со клубот и сега чувствувам дека сакам да останам. Останувам следната сезона, тоа е сигурно. Но во текот на сезоната ќе разговараме. Овде сум во клубот осум, девет години… Ќе видиме што ќе биде понатаму“, рече Гвардиола.
„Дејли Мејл“ сега како дополнување на ова открива кога би можело да дојде до заминување на шпанскиот стратег. Наводно тоа би се случи во јуни 2025 година.
Челниците на клубот се надеваат на поинаков расплет од приказната, но истовремено стравуваат дека ќе дојде до прекин на соработката.
Гвардиола го водеше Сити на 472 натпревари. Постигна рекорд од 349 победи, 57 нерешени и 66 порази, а со клубот освои се што требаше да се освои.
Шест пати беше шампион во Премиер лигата, а во сезоната 2022/23. тој му го донесе и првиот трофеј на клубот во Лигата на шампионите.
🚨 Pep Guardiola is set to LEAVE Manchester City next summer, despite the club wanting him to stay. 👋
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 26, 2024
(Source: @MailSport) pic.twitter.com/8NjUv5bKFW