Дома Топ вести Британците откриваат: Салах заминува и тоа за нов светски рекорд!

Британците откриваат: Салах заминува и тоа за нов светски рекорд!

Се поврзуваше Мохамед Салах со трансфер во Саудиска Арабија и минатото лето, но тогаш Ливерпул ја одби богатата понуда на саудијците кои сега се подготвени за нова офанзива.

Сонародникот на Салах и легенда на египтескиот фудбал кој долги години играше на Островот објави дека Салах од наредната сезона ќе игра во саудиската лига. Сега како дополнување на ова негово тврдење се огласија Бртианците тврдејќи дека сумата за која Салах ќе замине ќе биде светски рекорд.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Информациите на „Мирор“ се дека пребогатите саудицји се спремни да платат неверојатни 250 милиони евра за да го обезбедат потписот на Салах и тоа би било рушење на рекордот кој ПСЖ го постави за да го доведе Нејмар од Барселона за 222 милиони евра. Засега не се открива кој клуб би ги платил тие 250 милиони евра.

Засега Салах молчи на оваа тема, меѓутоа тоа што не демнатира остава простор да се верува на тврдењата на медиумите, а тука е и Мидо кој секако дека има свои контакти. Се потсетува и дека Ливерпул на лето ќе остане и без Клоп, па тоа би било период на нов почеток на „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Победи на Белградскиот маратон, за малку ќе поставеше и рекорд – па се сруши на патеката!

Кениецот Гилберт Кимплетинг Чумба победи на Белградскиот маратон кој се одржа денес со вре…