Дома Останати Тенис Англиски новинар застана во одбрана на Ѓоковиќ

Англиски новинар застана во одбрана на Ѓоковиќ

Демиен Кејв, уредникот на „Њујорк Тајмс“ и главниот на медиумот за територијата на Австралија ги растури австралиските политичари со текстот за Новак Ѓоковиќ.

Кејв беше меѓу кандидатите за наградата на Пулицер, пред да се пресели во „Тајмс“ беше писател, а во неговиот текст за Ѓоковиќ најголем удар доби премиерот на Австралија, Скот Морисон.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Ѓоковиќ доби лоши вести во четвртокот во 7.42 часот. Неговата виза беше прекината, а тој сместен во притвор и покрај тоа што дојде со медицински исклучок. Во 8.56 премиерот Морисон скокна на Твитер да каже дека правилата мора да се почитуваат. Во прв момент, мора да изгледаше тоа како одбрана против невакцинираните. Австралијанците ги почитуваат обврските, од вакцини до гласање. Ѓоковиќ не е симпатичен лик, но со оглед на изборите кои доаѓаат во мај, Морисон се врати на добро пробаниот рецепт, а тоа е собирање поддршка од гласачите со помош на ковид-19“, пишува Кејв.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ нема конкуренција – овие бројки ја покажуваат доминацијата на Србинот!

Новак Ѓоковиќ во последниве години доминира со светскиот тенис. Србинот од 2020 година па …