Дома Фудбал Останато „Брендот Ибрахимовиќ“ по Ајакс во Галакси ќе игра за најмала плата во кариерата, но јасно е и зошто!

„Брендот Ибрахимовиќ“ по Ајакс во Галакси ќе игра за најмала плата во кариерата, но јасно е и зошто!

ibrahimovic

Уште од заминување од Ајакс во 2004 година не играл за помалку пари.

Златан Ибрахимовиќ премина во Л.А Галакси каде што после Ајакс во 2004 ќе ја добива најмалата плата во кариерата. Имено, Ибра во Холандија добиваше околу 400.000 евра годишно, во Јувентус беше платен импресивни 1.5 милион евра по сезона, за во во Интер во 2006 година да добива 10 милиони годишно.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во Барса имаше околу 12, во Милан 10, во ПСЖ 15 милиони евра. Нешто помалку добиваше и во Манчестер Јунајтед со кој го раскина договорот. Во кариерата Шваѓанецот само од плати и бонуси заработил околу 150 милиони евра.

Договорот со Галакси е таков што неговите примања ќе бидат неспоредливо помали отколку во Европа и тој би требало годишно да добива 1.2 милион евра, што е десет пати помала плата од онаа во Јунајтед.

„Марка“ ги пренесува и зборовите на Крис Клајн, претседателот на клубот кој изјави дека ова е вложување за во иднина и дека се многу задоволни што успеале да го доведат. Звучи помалку чудно, но ова не е вложување во Златан како играч туку како и бренд.

Неговата огромна популарност би можела да придонесе за привлекување на спонзори, односно пробивање на пазарот, а сигурно дека голем дел од заработката ќе му припадне и на Швеѓанецот.

Тоа е единственото логично објаснување зошто Ибра прифатил да игра за толку „мала“ плата. Спознорите од приходите ќе се погрижат за останатото, а Галакси веќе започна да го продава „брендот Ибрахимовиќ“ во своите официјални продавници.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Битката за Манчестер: „Граѓаните“ во криза, ѓаволите никако да се разбудат

Денес во фокусот ќе биде големото дерби помеѓу градските ривали од Манчестер. „Граѓаните“ …