Италијанскиот репрезентативец, Давиде Фратези блеска оваа сезона во дресот на Сасуоло и е голема желба на Интер и Јувентус.
Фратези се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А и ова лето сигурно ќе го напушти Сасуоло.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, како што стојат работите Фратези кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата, во дресот на Брајтон.
Тренерот Де Зерби одлично го познава Италијанецот и го сака во своите редови, а Брајтон е спремен да плати 40 милиони евра.
Интер и Јувентус во моментов не се во можност да ја израмнат таа понуда, па Фратези ќе се пресели во Брајтон.