Шпанскиот плејмејкер Брахим Дијаз, кој игра во Милан како позајмен фудбалер на Реал Мадрид, сака да остане во италијанскиот гигант.
Синоќа против Сампдорија Дијаз одигра одлично, запиша две асаистенции и постигна гол, а потоа појде пред навивачите и го бакна логото на клубот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Го бакнав логото бидејќи во тој момент го почувствував тоа. Среќен сум тука во Милан, се чувствувам многу добро во овој клуб, не знам што ќе се случи со Реал Мадрид“, изјави Брахим Дијаз.
Двата клуба наскоро ќе седнат на преговарачка маса, бидејќи и Милан исто така сака да го задржи Шпанецот.
Brahim Diaz confirms: “I’m happy here at Milan. I feel very good at this club, then I don’t know what gonna happen [with Real Madrid]”. 🔴⚫️🇪🇸 #ACMilan
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 20, 2023
“I kissed the badge because that’s what I felt in that moment”. pic.twitter.com/3eO0FJzB6V