Дома Фудбал Репрезентации Бразил стравува: Колку е сериозна повредата на Нејмар?

Бразил стравува: Колку е сериозна повредата на Нејмар?

Бразил вчера ја победи Србија, но во во редовите на „Кариоките“ не можат целосно да се израдуваат на победата затоа што под знак прашалник за продолжување на турнирот е Нејмар.

Бразил две децении чека на светска слава и сега има генерација која може да го оствари тој успех, сепак сега целата нација трепери поради ситуацијата на Нејмар. За повредата на Нејмар се огласи докторот на бразилската репрезентација Родриго Ласмар.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Има извиткување на скочниот зглоб, немавме време сега да ги направиме потребните тестови, има оток и најважно е да почекаме 24 часа да видиме. Би замолил за трпение. Рано е да се каже дали е во аут за понатамошниот дел од СП. Треба да помине некое време да го видиме отокот“, изјави Ласмар.

Бразил во следниот натпревар го игра во понеделник кога противник на „Кариоките“ ќе биде селекцијата на Швајцарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…