Не може поинаку кога игра Хрватска, повторно гледавме драма, продолженија и пенали.
Бразил доминираше од почетокот до крајот на натпреварот, се редеа шанси пред голот на Доминик Ливаковиќ кој веројатно покрај оној пенал рулет со Јапонија го играше мечот на кариерата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како бранеше Ливаковиќ доволно зборува податокот дека со осум одбрани беше хрватски голман кој имал најмногу одбрани на еден натпревар на Светско првенство.
По 90 минути игра Хрватска не упати ниту еден удар во рамките од голот на Алисон. И со таква игра во продолженијата можеа да дојдат први до предност. Бруно Петковиќ во една контра издрибла двајца Бразилци, додаде до Брозовиќ кој од одлична позиција лошо шутираше.
GOLAÇO DO NEYMAR. pic.twitter.com/Fka8QkSoVd
— njdeprê – marlon 🇧🇷🇶🇦 (@njdmarlon) December 9, 2022
Казната стигна само неколку минути подоцна кога Нејмар, по една типична бразилска акција со Пакета го помина Ливаковиќ и ја смести топката во мрежата за 1:0. Тогаш Хрватска од целосна дефанзива мораше да почне да напаѓа.
⚽️ GOAL! Bruno Petkovic
— Fast Footy Goals (@fast_footygoals) December 9, 2022
🇭🇷 Petkovic gets Croatia back on level terms with Brazil#Vatreni | #CROBRA | #FIFAWorldCup
pic.twitter.com/pLR4RXwQ2B
Имаа среќа да го искористат втората сериозна прилика после онаа на Брозовиќ. Стрелец на голот беше Бруно Петковиќ во 117. минута.
Во првата серија Власиќ погоди, а Родриго промаши. Повторно блесна Ливаковиќ со уште еден одлично одбранет пенал. Втор за Хрватска реализираше Ловро Мајер, Касемиро беше прецизен за Бразил. Лука Модриќ не погреши и го матираше Алисон за 3:1, Педро намали на 3:2.
Асистентот за голот на Петковиќ, Орсиќ одлично го изведе пеналот за 4:2. Маркињос со огромен притисок на грбот застана на белата точка и ја погоди стативата за полуфинале на Хрватска.