Фудбалскиот сојуз на Бразил соопшти лоши вести за навивачите на оваа репрезентација.
Се случи она од што се плашеа навивачите – Данило го заврши настапот на Мундијалот. Тој се повреди на натпреварот против Швајцарија и ќе мора да паузира неколку недели.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Откако првиот десен бек на Бразил, Дани Алвес се повреди пред почетокот на Мундијалот, Данило стана прва опција на оваа позиција, но за жал одигра само еден натпревар.
Потоа на таа позиција играше Фагнер кој сигурно не е најдобар можен избор и преку кој Белгијанците вечерва ќе бараат своја прилика да го загрозат голот на Алисон.
Да потсетиме, Бразил и Белгија во 20 часот ќе го одиграат својот четвртфинален натпревар, а победникот ќе игра против подобриот од дуелот Уругвај-Франција.