Ajaкс продолжува да прикажува убави примери во фудбалот.
Овој пат не се причина нивните резултати туку одлуката на раководството на гостувањето против Лил во петото коло од Лигата на шампионите фудбалерите да патуваат за воз. Не е прв пат некој клуб да оди на гостување на тој начин, но холандскиот гигант ги собра симпатиите затоа што на тој на чин се приклучи на борбата за зачувување на животната средина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Возовите секако помалку загадуваат од класичните превозни средства како што се авионите и автобусите, па тоа е деталот по кој се водеа на „Јохан Кројф“.
„Им благодариме на железницата на Холандија и компанијата Еуростар кои го овозможија ова патување. Живее во време на глобални климатски промени и на овој начин сакаме да покажеме дека сме свесни за опасноста и идејата е да покажеме пример за другите. Лил е одлична дестинација за патување со воз. За нашиот тренер Ерик Тен Хаг и членовите на неговиот стручен штаб ова е важно затоа што ќе имаат повеќе комфор и поефектно ќе стигнат до целта“, изјави Едвин Ван Дер Сар, директорот на холандскиот тим.
Инаку, одалеченоста помеѓу Амстедам и Лил е околу 700 километри.