Дома Македонски спорт Бојан Костов освои бронзен медал на СП во Чиле

Бојан Костов освои бронзен медал на СП во Чиле

Maкедонскиот каратист Бојан Костов го оствари најголемиот успех во неговата кариера на СП во Чиле.

Бојан Костов освои бронзен медал на Светското првенство за кадети јуниори и У21 пто се одржува во Сантјаго, Чиле. Бојан имаше пет победи против ривали од Романија, Србија, Мароко, Индонезија и Русија. Единствено во полуфиналето беше 0-0, но по судиското изјаснување подобар противникот од Јордан, кој освои златен медал. Ова е најголем успех за Бојан во неговата кратка кариера, во која е актуелен европски вицешампион за кадети од ЕП во Алборг и освојувач на бронзен медал на медитеранското првенство во Анталија. Одличен пласман оствари и нашиот најдобар млад натпреварувач во кати Александар Неделковски, кој се бореше за медал и заврши како 5-ти.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во сабота очекуваме многу и репрезентативците во У21, кои на претходните големи натпреварувања покажаа дека имаат квалитет да се борат за медали. Тука се носителот на  бронза од Младинските олимписки игри и медитерански шампион шампон Фахик Весели, кој ќе настапи во -67кг, европскиот шампион Доан Османи ќе не претставува во категорија -75 кг. Тука се и девојките кои освоија златни медали на светскиот куп оваа година, Вероника Костовска во -61 и Ангела Мојсовска во категорија -68кг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …