Дома Трансфер зона Боaтенг одби нов договор, го напушта Баерн

Боaтенг одби нов договор, го напушта Баерн

Жером Боатенг нема да го продолжи договорот со Баерн Минхен и на лето ќе го напушти клубот како слободен агент.

32-годишниот дефанзивец има договор со Баварците до крајот на сезоната и двете страни одлучија да не ја продолжуваат соработката.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ова е вториот важен фудбалер, после Алаба, кој ќе си замине од Баерн Минхен на лето како слободен агент.

Боатенг оваа сезона има одиграно 27 меча за Баерн на кои постигна два гола, па многу клубови покажуваат интерес за неговиот потпис.

Арсенал, Тотенхем и Милан веќе ја започнале битката за неговиот потпис, а германските медиуми пренесуваат дека голема е веројатноста Боатенг да се пресели во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …