Дома Фудбал Германија Борусија Дортмунд потврди големо засилување од Баерн, но навивачите лути на неговата реакција

Борусија Дортмунд потврди големо засилување од Баерн, но навивачите лути на неговата реакција

За околу 15 милиони евра Борусија Дортмунд го откупи договорот на Марсело Сабицер од Баерн.

Сабицер, кој одигра 71 натпревар за австриската репрезентација, го напушта Баерн по две сезони минати во клубот, каде забележа 54 настапи и постигна два гола.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој се бореше за место во првиот тим на баварскиот гигант, а втората половина од минатата сезона ја мина како позајмен во Манчестер Јунајтед со кој го освои Лига купот.

Борусија Дортмунд станува третиот германски клуб на Сабицер, откако претходно имаше многу успешна авантура во РБ Лајпциг.

На некој начин, ова е одмазда на Борусија кон Баерн, кој претходно летово го ангажираше Рафаел Гереиро на слободен трансфер, кој реши да го замени Сигнал Идуна Парк со Алијанц-Арена.

Неодамна на пријателски натпревар против нисколигаш, Сабицер по влегувањето во игра постигна дури пет гола, но тоа не го убеди Томас Тухел да го задржи.

На крајот на краиштата, ниту навивачите нема да жалат за неговото заминување, особено не поради неговата неодамнешна изјава кога рече дека Манчестер Јунајтед е поголем клуб од Баерн.

„Веќе искусив многу во кариерата, вклучувајќи го и Баерн Минхен. Луѓето се луди по Манчестер Јунајтед. Можете да го почувствувате тоа на Олд Трафорд. Така што можам само да кажам дека уживам што сум овде и многу сум горд што успеав да бидам дел од овој клуб“, изјави Сабицер.

Во Јунајтед, тој најде улога во стартните 11 под водство на Ерик тен Хаг и таму се чувствуваше среќен. На крајот, иако изгледаше дека Јунајтед може да го откупи, тоа не се случи.

Еден од најважните играчи на австриската репрезентација пред Лајпциг настапуваше во Салцбург, а беше член и на Рапид Виена и Адмира.

Навивачите незадоволни од начинот на кој тој влезе во просториите на клубот.

Сабицер пристигна во Дортмунд каде беше пречекан од дел од навивачите на Борусија, но тој воопшто не изгледаше среќен.

На социјалните мрежи се појавија безброј коментари од типот: „Воопшто не му се допаѓа“, „Не делува многу среќно“, „Дали се насмевна или постојано го прави тоа лице?“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Еве каде може да го гледате бараж натпреварот за Светско првенство на Македонија и Фарски Острови

Машката сениорска репрезентација на Македонија вечерва (20 часот) во Торшавн го игра првио…