Овие денови во македонската спортска јавност актуелна ситуацијата околу Борко Ристовски кој од МОК доби суспензија од четири години поради клевети и навреди кон претседателот Даниел Димевски.
Голманот на Вардар сега закажа прес-конференција за во петок на која најави дека ќе ги открие сите нерегуларности на МОК.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Почитувани медиуми, Ве поканувам на прес-конференција што ќе се одржи во петок (28 април 2023 година) со почеток во 11:00 часот во конференциската сала во „Хотел Сити Парк” во Скопје. Тема на прес-конференцијата ќе биде последната одлука на МОК, и запознавање на јавноста со сите нерегуларности во работата на МОК“, најави Ристовски.
Ќе потсетиме, од одлуката Ристовски доби право на жалба од осум дена.