Шесткратниот Грен слем шампион и светска тениска легенда, 54-годишниот Борис Бекер е осуден на две и пол години затвор.
Причината поради која легендарниот германски тенисер мора да оди во затвор е обидот да сокрие пари и други вредни предмети вредни 2,5 милиони фунти во стечајна постапка со намера да избегне плаќање даночни долгови. Скај Спорт вели дека половина од тоа време ќе помине во затвор, една година и три месеци.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На Бекер му се слошило за време на пресудата, колабирал, а сега е откриено какви нехумани услови го чекаат во затворот Вандсворт, каде што оди. Британски Дејли Мејл ѕирна во овој затвор и објави детали од условите во кои Бекер веќе престојува.
Затворот е стар околу 170 години. Во него казната ја издржуваат над 1.300 осуденици. Бекер ќе биде во самица, но нема да помине долго бидејќи по некое време ќе добие цимери. Во тоалетите нема приватност, а некои затвореници се затворени во ќелиите по 22 часа на ден, пренесува Дејли Меил.