Дома Фудбал Репрезентации Бонучи: Некои од нас го гледаа отварањето на Светското првенство, тоа боли…

Бонучи: Некои од нас го гледаа отварањето на Светското првенство, тоа боли…

Италијанската фудбалска репрезентација вчера беше поразена од Австрија со 2:0 во пријателски натпревар, а капитенот Леонардо Бонучи уште еднаш по тој натпревар зборуваше колку е болно за Италија што не игра на Светското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Италијаните не се на Мундијалот поради поразот од Македонија во баражот од 1:0 со голот на Александар Трајковски во Палермо. Фудбалерот на Јувентус не крие дека кај нив разочарувањето и понатаму е големо.

„Јасно е дека разочарувањето е големо. Дел од нас го гледаа отварањето на Мундијалот и тоа боли. Како да и е не можеме да плачеме за нешто што е минато, не можеме ништо да промениме останува да гледаме само во иднината“, изјави Бонучи.

Верува дека Италија ќе се врати.

„Како што изградивме состав со кој го освоивме Европското првенство откако не се пласиравме на СП така можеме и сега истото да го направиме повторно во Лигата на Нации и квалификациите за ЕП“, изјави дефанзивецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Вардар може да стане шампион в петок

Вардар е на чекор до нова шампионска титула во македонскиот фудбал, откако беа потврдени т…