Реал Мадрид има големи планови и сака да ги донесе двајцата најдобри млади фудбалери во светот, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд за следната сезона.
„Кралевите“ веќе подолго време преговараат со Килијан Мбапе, кој треба да пристигне како слободен агент. Французинот веќе го извести ПСЖ дека заминува, а има договор со „кралевите“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сега главната цел на Флорентино Перез ќе биде Ерлинг Халанд, бидејќи да ги има двајцата најдобри млади фудбалери во светот.
Во Реал Мадрид се оптимисти дека на лето можат да го доведат Ерлинг Халанд бидејќи постои откупна клаузула во неговиот договор со Манчестер Сити.
Имено, за активирање на клаузулата Реал Мадрид ќе треба да плати помеѓу 220 и 240 милиони евра.
🚨 BREAKING: Real Madrid plan to sign BOTH Kylian Mbappé AND Erling Haaland.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) February 16, 2024
(Source: @La_SER) pic.twitter.com/9lp6ebPSMm