Дома Топ вести „Бомба“од Франција: Мбапе се договорил со Реал Мадрид

„Бомба“од Франција: Мбапе се договорил со Реал Мадрид

Познатиот агент Бруно Сатин лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека Килијан Мбапе се договорил со Реал Мадрид.

Мбапе донел одлука заедно со своето семејство и постигнале договор со „кралскиот“ клуб, па останува да се види дали трансферот ќе се реализира ова лето или другото.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мбапе на лето влегува во последната година од договорот и ги одби сите понуди од ПСЖ за продолжување на соработката.

Агентот Бруно Сатин во емисијата „Лејт Фудбал Клуб“ откри дека Килијан Мбапе веќе се договорил со Реал Мадрид, но можно следното лето како слободен агент да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.

Флорентино Перез ќе се обиде ова лето да го донесе во Мадрид и верува дека ќе постигне договор со ПСЖ, кој пак е ставен пред „свршен чин“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ПСЖ најблиску до пописот на Осимен

Според пишувањето на италијанските медиуми ПСЖ е блиску до комплетирање на трансферот на В…