Не е тајна дека Милан е во напредни преговори за враќање на Златан Ибрахимовиќ на „Сан Сиро“, но „росонерите“ имаат и план Б.
Милан достави понуда до агентот на Ибрахимовиќ, Мино Раиола, но се уште се чека одговор на шведскиот голгетер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наводно Ибра има понуда и од Евертон, па се уште не донел конечна одлука каде ќе ја продолжи кариерата, а тоа ги натера „росонерите“ да го активираат „планот Б“.
Поради тоа Малдини и Бобан оствариле контакт со ПСЖ и ја разгледуваат можноста за трансфер на Едисон Кавани на „Сан Сиро“.
Уругваецот е во последната сезона од договорот со ПСЖ каде го загуби местотио во стартниот тим од одличниот Мауро Икарди.
Кавани сигурно на крајот на сезоната ќе ја промени средината, па Милан сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе во јануари во своите редови.
? #Milan – Movimenti in atto: non solo #Ibrahimovic, da #Cavani a #Todibo
— calciomercato.it (@calciomercatoit) December 18, 2019
? #CMITmercato https://t.co/umV1lF8Xv3