Дома Топ вести „Бомба“ од Апенините: Каземиро се сели во Серија А

„Бомба“ од Апенините: Каземиро се сели во Серија А

Еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид, Каземиро на лето би можел да се пресели во Серија А, пренесуваат италијанските медиуми.

Каземиро е еден од најважните играчи во тимот на Зидан, но претседателот на „кралскиот“ клуб се уште му нема понудено нов договор, кој истекува во 2023 година.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бразилецот има скромна плата во однос на неговите колеги, па очекува нов побогат договор од „кралевите“, кои пак не се спремни да му го понудат.

Таквата ситуација сака да ја искористи Јувентус, кој е спремен да Бразилецот да му понуди плата од 11 милиони евра по сезона.

Голема улога во трансферот може да одигра Кристиано Роналдо, кој е во одлични односи со Каземиро и сака повторно да го има во својот тим.

Сепак, Реал нема лесно да се откаже од него и за слободата на Каземиро бара 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната најголемата желба на Гвардиола

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, …