Саудискиот Ал Хилал плати огромна сума да го доведе Нејамр кој потоа тешко се повреди, а изгледа и дека повеќе не му се игра во Саудиска Арабија.
Напаѓачот ги скина вкрстените лигаменти во октомври минатата година, а вчера конечно се врати на тренинзите на Ал Хилал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ал Хилал за трансферот на нејмар на ПСЖ му плати 90 милиони евра. Бразилецот минатата сезона одигра само пет натпревар, а веќе размилсува да го напушти клубот.
Нејмар на неговите менаџери им соопштил дека сака да го ослободат од договорот со саудискиот клуб.
Барселона се споменува како веројатна опција бидејќи Бразилецот сака да се врати во клубот, па дури е спремен да ја намали платата за повторно да го облече каталонскиот дрес.