Дома Трансфер зона „Бомба“ на „Сан“: Кејн во Сити во вториот најголем трансфер во историјата!

„Бомба“ на „Сан“: Кејн во Сити во вториот најголем трансфер во историјата!

Најпознатиот островски таблоид „Сан“ пишува дека Сити веќе го спремил статусот најплатен фудбалер во Премиер лигата за капитенот на Англија.

„Сан“ најавува трансфер кој би можел да биде еден од најгромогласните во историјата. Уште од завршувањето на сезоната во Премиер лигата се најавува дека Кејн ќе ја промени средината, а сега се тврди дека ќе премине во Манчестер Сити за огромни 187 милиони евра.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Освен тоа се пишува дека Кејн ќе добие плата од 400.000 фунти неделно, односно скоро 470.000 евра. Тоа на годишно ниво би било повеќе од 24 милион евра. Во овој момент рекордер во Премиер лигата е Кевин Де Брујн со нешто повеќе од 23.

Британскиот таблоид се повикува на неименувани извори. Тие тврдат дека Леви му ги соопштил добрите вести на Кејн минатата недела и тогаш дошло до дговоро со Сити околу платата и договорот кој би требало да биде потпишан на четири или пет сезони.

Останува да почекаме да видиме дали има вистина во ваквите најави на „Сан“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …