Германскиот весник „Билд“ денес лансираше вистинска „бомба“, која силно одекна во сите медиуми со оглед на фактот што станува збор за релевантен весник.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, Баерн Минхен е силно заинтересиран за ѕвездите на Интер и Јувентус, Федерико Киеза и Лаутаро Мартинез и сака да ги донесе на „Алијанц Арена“.




Баерн на лето најверојатно ќе го продаде Коман и Левандовски, кои сакаат да ја променат средината, па сака да ги замени со двајца врвни фудбалери.




Баварците ќе имаат буџет од 200 милиони евра и сакаат да ги донесат двете ѕвезди од Серија А.




Јувентус би можел да го „жртвува“ Киеза за да го донесе Влаховиќ, додека Интер има големи финансиски проблеми и нема да може да одбие богата понуда за Аргентинецот.