Италијанскиот новинар Тицијално Крудели лансираше вистинска „бомба“ и изјави дека Сандро Тонали може да се врати во Милан.
Тонали минатото лето за скоро 80 милиони евра беше продаден во Њукасл, но само два месеци подоцна беше дел од аферата за нелегално обложување и доби суспензија од 10 месеци.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тонали ја пропушти готово цела сезона поради суспензија, но не е среќен во Англија и сака да се врати во Италија.
„Зборував со Ибра и Тонали може да се врати во Милан“, изјави Крудели.
Милан е во потрага по квалитетен играч за врска и наскоро ќе испрати понуда до Њукасл за Тонали.
🗣️ Tiziano #Crudeli to @calciomercatoit: "I have spoken with Ibra and #Tonali can come back." pic.twitter.com/O4A9P0xakj
— Milan Posts (@MilanPosts) June 17, 2024