ПСЖ не се откажува од намерата да донесе врвен играч за врска, па откако дефинитивно пропадна трансферот на Ракитиќ, сега „светците“ имаат друга мета.
Англиските медиуми пренесуваат дека раководството на ПСЖ е спремно да понуди 100 милиони фунти за ѕвездата на Тотенхем, Кристиан Ериксен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ериксен беше мета на многу европски гиганти, но неодамна го продолжи договорот со Тотенхем, сепак францускиот шампион е спремен да му понуди двојно поголема плата.
Тешко е да се поверува дека „спарси“ ќе ја прифатат понудата за еден од најважните свои фудбалери, бидејќи трансфер пазарот во Англија е затворен.
Сепак, ПСЖ не се откажува и работи на трансферот, па останува да видиме дали ќе успее во намерата во следните неколку дена.
Paris Saint-Germain are ready to offer Tottenham £100m for midfielder Christian Eriksen. (Source: Sunday Express) pic.twitter.com/9kw5BJPGOL
— Transfer News (@TransfersLlVE) August 26, 2018