Жоржињо Вајналдум ова лето како слободен играч го напушти Ливерпул и потпиша за ПСЖ, но неодамна потврди дека тоа било грешка.
Вајналдум имаше неколку понуди и во игра беше и Барселона, но на крајот се одличи за ПСЖ, а после само шест месеци може да се врати во Премиер лигата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал е силно заинтересиран за Холанѓанецот, а ПСЖ е спремен да го пушти на позајмица.
Артета смета дека Вајналдум одлично би се вклопил во неговиот стил на игра, а „топџиите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Холанѓанецот не добива голема минутажа во Париз, самиот призна дека не е среќен и веќе ја прифатил понудата на Арсенал.