Дома Останати Боксерите се договорија: Блиску сме до голем спектакл!

Боксерите се договорија: Блиску сме до голем спектакл!

Eнтони Џошуа и Тајсон Фјури се договорија за два меча, денес оваа информација во јавноста ја пласираше боксерскиот промотер Еди Херн.

Херн кој го застапува Џошуа тврди дека двете страни веќе некое време биле во преговори за меч за обединување на титулите и сега конечно постигнале договор за пакет од два меча. Договор е постигнат и за финаниската страна на спектаклот, па остануваат само уште некои детали.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Одлично напредуваме, скоро и да има договор. Сега ги разгледуваме салите и датумите…Може да се каже дека Фјури и Џошуа постигнаа договор околу финансиите. Разговараме со тимот на Фјури и ги убедивме дека  од страна на Џошуа деталите и структурата на договорот се потврдени. Ист е случајот и од страна на Фјури. Во добра позиција сме“, изјави Херн.

Инаку, Фјури оваа година по трет пат би требало да се бори против Вајлер. Се очекуваше тој дуел да биде во текот на летото, па потоа се зборуваше за октомври, но изгледа дека таа борба сега дополнително ќе биде одложена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…