Аргентинскиот гигант Бока Јуниорс спремен е на лето да доведе две фудбалски ѕвезди од Европа.
Веќе некое време се пишува за заминување на Едисон Кавани од Јунајтед и тој од лето би требало да стане член на славната Бока, а директорот и легенда на тој клуб Хуан Роман Рикелме му спремил тригодишен договор.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Освен Кавани се очекува во Бока да дојде и поранешниот играч на Арсенал Лукас Тореира.
Тореира неодамна после смртта на неговата мајка изјави дека му е желба да игра во Бока и дека ќе ја напушти Европа. Во овој момент тој игра во Атлетико како позајмен играч од Арсенал.