Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ потврди дека Жером Боатенг ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Договорот на Боатенг истекува на крајот на сезоната, а двете страни одлучија да не ја продолжуваат соработката, па дефанзивецот ќе замине како слободен агент.
Веќе започна битката за неговиот потпис, а најсилен интерес покажуваат лондонските гиганти, Арсенал и Тотенхем.
Жозе Мурињо и Артета се во потрага по квалитетен дефанзивец, па важат за фаворити за неговиот потпис.
Боатенг исто така преферира преселба во Премиер лигата, па останува да видиме кој ќе победи во трката за неговиот потпис.