Дома Фудбал Останато Боатенг: Не си го сакам името бидејќи е по грешка!

Боатенг: Не си го сакам името бидејќи е по грешка!

Кевин-Принс Боатенг на новинарите им откри дека не се го сака името бидејќи требало да се вика Келвин-Принс, но во болницата погрешно го запишале името во неговиот извод на родени.

Контроверзниот фудбалер, кој сезонава игра во Ајнтрахт Франкфурт е роден во Берлин, играше за сите младински категории на Германија, но во сениорската конкуренција се реши да го облече дресот на татковината на својот татко, Гана.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Не ми се допаѓа моето прво име. Требаше да се викам Келвин, тоа ќе беше подобро. Никој не знае како се случила грешката во документите. Во болницата лошо напишале, а мојата мајка по породувањето имаше операција и не можеше да ја исправи грешката“, изјави Боатенг.

Овој 30-годишен фудбалер, летото од Лас Палмас се врати во Германија, а во кариерата играше уште за Тотенхем, Борусија Дортмунд, Портсмут, Милан и Шалке 04.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …