Серија Ц не беше тешка задача за старите „лисици“ Силвио Берлускони и Адријано Галијани.
Во Серија Б ситуацијата е нешто посложена бидејќи како што тврдат италијанските медиуми во вториот ранг на италијанскиот фудбал од поодамна немало повеќе пари. Сепак, тоа не значи дека Монца ќе се откаже, далеку од тоа. После 20 кола екипата која ја предводи Кристијан Бројки е втора и таа позиција директно би ги одвело во друштвото на најдобрите, но потребно е да ја задржи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во текот на јануари екипата се засили со Марио Балотели, а во составот го има Кевин Принс Боатенг. Сега Монца се поврзува со уште едно големо име – Франк Рибери!
„Рибери и Ботенг се големи пријатели, така се роди таа идеја. Замислете, човек како мене не сонува за Серија А…Ако се случи тоа ќе разговараме. Нашиот проект е Монца да оди чекор по чекор. Првиот го направивме, влеговме во Серија Б, сите знаеме што треба да биде следно. Во овој момент сме втори, но тоа во овој момент ништо не значи, тука треба да бидеме после 38 кола. Се надевам дека ќе доживеам градот во кој сум роден за првпат да заигра во Серија А“, изјави Галијани.
Договорот на Рибери со Фиорентина му истекува на лето. Тој веќе најави дека нема намера да се пензионира и потврди дека има понуди и од Бундеслигата.