Maсимилијано Алегри во овој момент е без ангажман, но многу брзо би можел да се врати во клупскиот фудбал.
Враќањето на Алегри го најави неговиот близок пријател Џовани Галеоне кој даде изјава за „Газета дело спорт“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Се слушнав со него пред неколку дена и сигурно ќе се врати на клупскиот фудбал во јуни. По неговиот глас заклучив дека е навистина одлучен. Пред околу една година ќе ја исклучев можноста за негово враќање во Јувентус, но сега дефинитивно не можам тоа да го направам“, изјави Галеоне.
За враќањето на Алегри во Јувентус многу се пишува оиткако Андреа Пирло немаше баш најдобар почеток и клубот нема обезбедено ниту место во Лигата на шампионите следната сезона.
Утрешниот натпревар против Наполи многумина го означуваат како клучен за иднината на Пирло.