Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер и Јувентус ќе водат голема битка за младиот напаѓач, Моис Кин.
Моис Кин не се снајде најдобро во Евертон, па оваа сезона е на позајмица во ПСЖ, каде игра фантастично и во целост го покажа својот талент.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Светците“ немаат опција да го откупат на крајот на сезоната, па веќе започна битката за неговиот потпис.
Италијанските клубови сакаат да го вратат напаѓачот во Серија А и веќе стапиле во контакт со неговиот агент Мино Раиола.
Евертон е спремен да го продаде, но за неговата слобода бара 50 милиони евра, сума која е спремен да ја плати и ПСЖ.