Португалецот има план и на лето би можел да тргне по желбата на големиот ривал.
Манчестер Јунајтед во текот на летото ќе се обиде да стигне до потписот на фудбалерот на Борусија Дортмунд, Кристијан Пулишиќ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Овој млад 19 годишен фудбалер игра се подобро во дресот на „милионерите“ поради што го привлече вниманието на големите клубови.
Пулишиќ во Борусија стигна во 2015 година како 17 годишник, а за првиот тим веќе собра 57 настапи и постигна осум погодоци.
Оваа вест ја пренесе секогаш добро информираниот „Билд“ кој неодамна пренесе и дека Ливерпул покажувал интерес за Пулишиќ.
Како што се наведува Мурињо го сака Пулишиќ со цел да ја зголеми конкуренцијата на Ентони Марсијал и Хуан Мата, бидејќи јасно е дека на другата местото е резервирано за Алексис Санчез.
Договорот со Пулишиќ има важност до 2020 година, а за сега не е познато колкава сума ќе бара Борусија за негов трансфер.