Според секогаш добро упатениот реномиран германски медиум „Билд“ Арсенал повторно ќе се засилува од редовите на „милионерите“.
Познато е дека овој медиум ретко греши кога се трансферите во прашање, а денес беше објавено дека Сократис Папастатопулос (29) се сели во Арсенал за сума од 20 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Покрај Арсенал се наведува и дека интерес за овој фудбалер покажаа Манчестер Јунајтед, Челзи и Јувентус. Но, Арсенал има предност во однос на останатите клубови бидејќи во редовите на „топчиите“ работи Свен Милсинтат, поранешниот шеф на скаут службата на Борусија.
Токму тој човек го доведе Грчкиот дефанзивец на „Вестфален“.
„Билд“ исто така пишува дека трансферот на Сократис нема да биде официјализиран се додека Борусија не ја исполни целта оваа година и избори директен пласман во Лигата на шампионите.
Како фудбалер кој би можел да го замени Гркот се наведува младиот 20 годишен дефанзивец на Динамо Загреб, Филип Бенковиќ.