Дома Фудбал Бизарно: Барселона почна да продава и трева од „Камп Ноу“

Бизарно: Барселона почна да продава и трева од „Камп Ноу“

Барселона се уште не успева во целост да излезе од финансиската криза и има долг од 1.3 милијарда евра, а на сето тоа на никого не му е јасно како Лапорта во сред криза си дозволи да потроши 160 милиони евра.

Каталонците се обидуваат да заработат од својот имот, па така го изнајмуваа „Камп Ноу“ за свадби, а сега сведоци сме и на една бизарна работа. Имено, во клупската продавница Барселона продава „пакетичња“ трева од „Камп Ноу“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со спонзорските договори, продажбата на името и продажба на удели во своите компании за ТВ права и маркетинг, Барселона собра околу една милијарда приходи, но и тоа не беше доволно за да се регистрираат новите засилувања.

Во Барселона сега ги убедуваат играчите да прифатат помали плати, а некои се и на трансфер листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…